22.06.2015 – Теорија и концепт на корпоративна безбедност и практични искуства од Р.Македонија – семинар22.06.2015 – Теорија и концепт на корпоративна безбедност и практични искуства од Р.Македонија – семинар

Скопје, Центар за обука на Комора на РМ за приватно обезбедување

Имајки го во вид стратешкото значење на  корпоративната безбедност и улогата на приватната безбедност со опфаќање на содржини во поширок контекст и тесно поврзани со приватното обезбедување, Комората организираше едукација, преку теоретска обработка на темата се обезбедува можност за практично разбирање и усвојување на поимот корпоративна безбедност во смисол: што претставува корпоративна безбедност; како истата е приспособена да одговори на структуралните ризици; како се детектира корпоративна криза, криминал или други злодела; како се обезбедува ефикасна заштита на луѓето, работните процеси и средствата во една компанија; која е улогата на приватното обезбедување во условно речено „зоната на конфорт“ во една компанија и сл.

Учество земаа експерти од научно-стручната јавност: Д-р. Злате Димески, Раководител на катедрата за безбедност и приватна безбедност при Факултетот за безбедност-Скопје и Д-р Стојан Славески, професор на Факултетот за детективи и криминалистика, при Европскиот Универзитет, кои го изложија теоретскиот концепт на поимот корпоративна безбедност. Воедно беа презентирани позитивни искуства и работни предизвици од пректичари, со разновидни  примери, како  во однос на менаџерска структура во компаниите, така и во однос на индустријата.

Крајната констатација од семинарот укажа на позитивна клима за понатамошна детална обработка на темата корпоративна безбедност, со фокус на поединечни сегменти и дополнителна потреба од практично истражување на состојбите во правните субјекти во Македонија.

 

ACB_9082
ACB_8895

 

smalladobe Програма-Семинар-Kорпоративна безбедност-22.06.2015