11-12.11.2015 год. – “Обука за проценка на ризик при вршење на приватно обезбедување”
Комората на РМ за приватно обезбедување во соработка со Центарот за анализа на ризик и управување со кризи од Белград на 11.11.2015 год. и 12.11.2015 год. во просториите на испитниот Центар на Комората реализираше ОБУКА ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ПРИ ВРШЕЊЕ ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, наменета за менаџерскиот кадар во правните лица за приватно обезбедување.
Проценката на ризик и нејзино имплементирање во работењето се фактори кои непосредно влијаат на утврдување односно подобрување на нивото на заштита. Дополнително, стандардизирањето во оваа сфера е насочено кон поголема гаранција за безбедноста и потврда за компатибилност на предвиденото ниво на обезбедување со проценката на нивото на ризик. Правилна проценка и управување со ризици, со оглед на неопходноста од нивната примена во секојдневно работење се од суштинско значење и треба да представуваат предмет од интерес на сите субјекти во секторот приватно обезбедување.
Обуката ја водеа д-р.Зоран Кековиќ Претседател на со Центарот за анализа на ризик и управување со кризи од Белград и Проф на Факултет за безбедност Белград, Р.Србија и м-р Славица Павковиќ, кои подетално ги запознаа присутните со терминологија, процесот или методологијата, цели на проценката односно управувањето со ризици.
Во рамки на настанот бепе официјализирана соработка меѓу Комората на РМ за приватно обезбедување во соработка и Центарот за анализа на ризик и управување со кризи од Белград преку потпишување меморандум за соработка, заради натамошна размена на знаења и искуства, меѓусебна поддршка и помош и вложување на заеднички напори за унапредување на дејноста приватно обезбедување.
