03.11.2015 – Претставување на ЕУ проект –“Натамошно зајакнување на институциите и капацитетите на полицијата во областите на управување со границите, односи со заедницата и борба против организиран криминал“

Во соработка со представниците од ЕУ Проектот насловен „Натамошно зајакнување на институциите и капацитетите на полицијата во областите на управување со границите, односи со заедницата и борба против организиран криминал“ (“Further Institution and Capacity Building of the Police Service (FICB PS) in the Area of Border Management, Community Policing and Fight against Organized Crime”) на 03.11.2015 год. (вторник) со почеток  во 12.00 часот во просториите на Центарот за обука на Комората беше организиран работен состанок со претставниците од секторот приватно обезбедување.

Она што за вршителите на приватното обезбедвуање е од особена важност е делот на превенција и соработката меѓу полицијата и граѓаните или заедницата заради подобрување на квалитетот на живеење, зајакнување на односите меѓу населението и полицијата, преку воспоставување партнерство, подобрување на комуникацијата и размената на информации и заштита на имотот и правата.

Во тој смисол се очекува да се идентификува линкот меѓу приватниот безбедносен секор и полицијата и секако придобивките од воспоставување и импементација на овој ЕУ проект.

На средбата помеѓу останатото се разговараше и за натамошните чекори и соработка на дејноста приватно обезбедување во Р.Македонија преку Комората со представниците на Канцеларијата на ЕУ во делот на реалните  потреби и помош за понатамошен развој и професионализација на секторот приватното обезбедување во Р.Македонија.

 

IMG_1566

На 03.11.2015 ( вторник) со почеток во 12.00 часот Комората на РМ за приватно обезбедување организира : Претставување на ЕУ проект –Натамошно зајакнување на институциите  и капацитетите на полицијата во областите на управување со границите, односи со заедницата и борба против организиран криминал ( ”Further Institucion and Cpacity Building of the Police Service (FICB PS ) in the Area of Border Managemnt, Commmunity Policing and Fight against Organized Crime”), кое ќе се одржи во просториите на Центарот за обука на Комората.