25.12.2015 и 28.12.2015 год. – Отпочнување на процес за изработка на Стратегија за развој на приватното обезбедување во Република Македонија

Комората на Р.М за приватно обезбедување отпочна процес на изработка на Стратегија за развој на приватното обезбедување во РМ, како формален документ со кој ќе се констатира реалната состојба во приватното обезбедување во пракса, кај вршителите на дејноста и воедно ќе се поврзат сите релевантни субјекти од приватниот, државниот, академскиот, невладиниот сектор, заради изградба на оптимален модел на развој на приватната безбедност.

Преку овој стратешки национален документ ќе се укаже на значењето на превентивниот карактер на приватната безбедност и приватното обезбедување, потребата од актуелизирање на јавно-приватните безбедносни партнерства, применливоста на постоечката регулатива, дефинирање на опасностите од загрозување на безбедноста доколку приватниот безбедносен потсистем не функционира ефикасно како интегрален дел на безбедносниот систем, потребата од воспоставување поширока демократска контрола врз неговото работење и сл.

Заради обезбедување на податоци за потребите на научно стручно истражување, особено заради утврдување на состојбите во пракса, начинот на вршење на дејноста во актуелните услови и состојби на 25.12.2015 год. и на 28.12.2015 год. Комората организираше две одвоени работни средби. Работна средба со менаџерскиот кадар во правните лица кои вршат обезбедување во вид на давање услуги (физичко и техничко обезбедување) и за сопствени потреби и работна средба со вработени во правните лица кои вршат обезбедување во вид на давање услуги и за сопствени потреби.