Брисел 19.10.2016 Улогата на жената во глобалната безбедност“Crans Montana Women’s Forum
На 19-22.10.2016 во Брисел се одржа Homeland & Global Security Forum, кој како мулти-димензионална платформа здружува претставници од јавниот сектори (претседатели на влади и држави, министри, администрација од полиција и судство, разузнавачки агенции), претставници од бизнис сектори и меѓународни организации, кои разменуваат знаење, искуства и практики за глобалните безбедносни предизвици во светот денес.
Во рамки на настанот Homeland & Global Security Forum на 19.10.2016 година во организација на Crans Montana Women’s Forum во Европскиот Парламент се одржа специјална сесија насловена„Улогата на жената во глобалната безбедност“ каде свое учество имаа Претседателот на Комората на Р.Македонија за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска и секретарот м-р Сања Керметчиева.
Настанот „Улогата на жената во глобалната безбедност“ беше посветен на размена на мислења и ставови на жени од различни профили: претседатели на влади и држави, министри, амбасадори, парламентарки, жени од бизнис секторот, активистки, раководители на организации од цел свет, кои беа поканети да разменат мислења за улогата на жените во глобалната безбедност и улогата на жените во борбата против радикализмот и тероризмот.
Повеќе информации на следниот линк

