13-14.10.2016 – Обука „Методи за детекција на лаги, превенција, раководење и истражувања од областа на приватната безбедност“
Комората на РМ за приватно обезбедување во соработка со Меѓународното криминалистичко здружение, од Загреб организираше дводневна обука на темата „Методи за детекција на лаги, превенција, раководење и истражувања од областа на приватната безбедност“ која се одржа на 13 и 14 октомври 2016 год. во просториите на Центарот за обука на Комората, во Скопје.
Во рамки на настанот Комората на РМ за приватно обезбедување и Меѓународното криминалистичко здружение ја формализираа својата соработка со потпишување на меморандум за соработка, со јасно изразување на волјата за натамошна соработка во правец на размена на знаења, позитивни практики и искуства заради унапредување на дејноста приватно обезбедување.
Повеќе информации за Меѓународно криминалистичко здружение, Загреб може да се најдат на следниот линк:
