26.10.2016 год. – семинар, научен собир „Национална безбедност и безбедносните предизвици“ – Дом на АРМ, Скопје

На 26 Октомври  2016 година, во Дом на АРМ, Скопје во организација на Министерството за одбрана,  се одржа семинар-стручен собир под наслов „ Национална  безбедност и безбедносните предизвици„ на кој учествуваше претседателот на Комората на Р.М  за приватно обезбедување, Верица Милеска Стефановска.

На настанот свое обраќање имаа државниот советник во МО –Маја Стојановска и продеканот за настава и научно истражувачка работа на Воената академија полковник и д-р Драге Петрески. Меѓу другите, со свое излагање се претставија и д-р Трајан Гоцевски, Филозофски факултет на тема „Новите безбедносни предизвици и заокруженост на безбедносниот систем на Република Македонија“, Вонреден професор д-р Методија Дојчиновски, полковник, Раководител на катедра во Воена академија, на тема „Национална безбедност на Р.Македонија“, д-р Оливер Бакрески, Раководител на институт за безбедност, одбрана и мир, Филозофски факултет на тема „Влијанието на недржавните актери врз националната безбедност“.

komora-news
news2