23.12.2016 – Промоција на студија „Приватниот безбедносен сектор во Република Македонија: меѓу потребите и јавната (не) доверба“
Публикацијата која ѝ беше презентирана на македонската стручна и научна јавност претставува резултат на поклопување на научниот интерес на авторката Биљана Ванковска и грижата за професионалниот етос кој низ годините го изгради Комората на Република Македонија за приватно обезбедување.
Научната љубопитност и стручната свест за потребата да се отвори дебата за исклучително значајно прашање, кое досега не било посистематски анализирано иницираа испитување ставот на јавноста кон дведецениската дејност на приватното обезбедување, чиј резултат го обработува трудот „Приватниот безбедносен сектор во Република Македонија: меѓу потребите и јавната (не) доверба“.
