23.12.2016 – Работен состанок со Центар за управување со кризи
На 23.12.2016 год. во просториите на Центарот за управување со кризи, ЦУК, се одржа работен состанок заради воспоставување и натамошно градење на соработка помеѓу Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и Центарот за управување со кризи.
Претседателот на Комората Верица Милеска Стефановска и Директорот на Центарот за управување со кризи м-р Агрон Буџаку заклучија дека во делокругот на работење на двете институции идентификувани се заеднички приоритети и интереси, кои значително би можеле да се надоградат преку заемна размена на искуства, знаења и практики и други активности во интерес на засегнатите страни, како и севкупната јавност во Република Македонија.
Оттука, двете страни за заложија за официјализирање на соработка, преку потпишување на меморандум за соработка, по што ќе се отвори широка платформа за дискусија и вложување на интелектуални капацитети во правец на придонес за општата безбедност на животот во Република Македонија.
