21.10.2013 Сkopje – Состанок за техничко обезбедување

„Обезбеди ја мојата сигурност, заштити ја мојата приватност“

На 21.10.2013 год, во Ресторан Камник, Комората на РМ за приватно обезбедување организираше работна средба во соработка со МВР и ДЗЛП.  Заради усогласување на работата на нашите институции беше  формирана работна група се со цел првично да се лоцираат компаниите кои се занимаваат со оваа дејност – шифра на дејност согласно НКД (80.20) т.е заштита со помош на сигурносни системи и да укажеме за потребата од усогласување на компаниите со ЗПО.

За оваа работнилница беа лоцирани и поканети за учество 70 компании за кои кои имавме сознанија дека вршат техничко обезбедување. Согласно податоците што ги добивме од ЦР комапниите што се занимаваат со оваа дејност имаат вработено околу 1500 работници.  На средбата беа присутни повеќето  од нив.

Работилницата се одржа заради заради информирање и запознавање на компаниите со ЗПО заради усогласување на работењето со одредбите од Законот за приватно обезбедување.

На средбата беа присутни Лидија Петровска Мојсова – Началник на одделение за агенции за обезбедување и детективска дејност и издаавње одобренија и дозволи за оружје на физички и правни лица. Зоран Нешковски-гл.инспектор  во одд за против диверзионо обезбедување во сектор за превентивно обезбедување на личности МВР. Игор Кузевски- рак. на одделение , виш инспектор за ЗЛП. Сеад Садикоски- заменик директор во Дирекцијата за заштита на лични податоци.

21.10.2013

„Обезбеди ја мојата сигурност, заштити ја мојата приватност“