05.12.2013 Скопје – Факултет за безбедност

Научно стручна расправа на тема „Развојот на приватното обезбедување во Република Македонија”  и потпишан меморандум за соработка

 

ПОТПИШАН  М Е М О Р А Н Д У М   З А   С О Р А Б О Т К А  МЕЃУ КОМОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ

 

Комората на Република Македонија за приватно обезбедување-Скопје, претставувана од Претседателот Верица Милеска-Стефановска и Факултетот за безбедност-Скопје претставуван од Деканот Ред. проф. д-р Оливер Бачановиќ на 05.12.2013 год. за време на свечениот дел од научно стручната расправа на тема „Развојот на приватното обезбедување во Република Македонија: правни, економски и безбедносни аспекти“ потпишаа Меморандум за соработка.

Комората на Република Македонија за приватно обезбедување-Скопје и Факултетот за безбедност-Скопје меѓусебно ќе соработуваат во размена на научно-стручни искуства, знаења и усовршување на кадрите од областа на приватното обезбедување. Соработката ќе се остварува низ повеќе начини и облици на соработка, а особено преку:

  • Развивање и искористување на можностите за изведување обуки, оспособувања и курсеви од страна на Факултетот за безбедност за потребите на приватниот безбедносен сектор во целина и Комората за приватно обезбедување на Република Македонија посебно;
  • Соработка во подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадрите од областа на приватното обезбедување;
  • Изведување практична настава за студентите на Факултетот за безбедност-Скопје во членките на Комората за приватно обезбедување на Република Македонија (агенциите за приватно обезбедување, т.е. субјектите кои даваат услуги на приватно обезбедување);
  • Изведување клиничка настава за студентите на Факултетот за безбедност-Скопје со ангажирање стручни лица од Комората на Факултетот за безбедност-Скопје;
  • Соработка и заедничко организирање на научно-стручни собири (конференции, симпозиуми, научно-стручни расправи, тркалезни маси, дебати, работилници);
  • Размена на научно-стручна литература, знаења и сознанија од областа на приватната безбедност помеѓу двете институции;
  • Заедничко учество на научно-истражувачки проекти финансирани од двете институции или трети субјекти во земјата и во странство;
  • Давање на експертска помош од страна на Факултетот за безбедност-Скопје при изготвување на легислатива од областа на приватното обезбедување;
  • Промовирање на дејноста приватно обезбедување во земјата и во странство преку организирање информативни и едукативни кампањи.

Преку потпишувањето на Меморандумот се искажа подготвеноста за ефикасна соработка која ќе придонесе за размена на научно-стручни искуства од областа на приватното обезбедување. Воедно, Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и Факултетот за безбедност-Скопје ја потврдија заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во образованието, оспособувањето и обуката на кадри од областа на приватното обезбедување.

memorandum-sorabotka-Fakultet za bezbednost-IMG_2447

 

 

Научно-стручна расправа „Развојот на приватното обезбедување во Република Македонија-правни, економски и безбедносни аспекти„