05.10.2017-Скопје
Претставници од Комората на РМ за приватно обезбедување и правните лица кои вршат приватно обезбедување учествуваа на тркалезна маса за јавно дебатирање по новиот предлог Закон за заштита на личните податоци. Тркалезната маса беше организирана од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци, а во рамки на Проектот: „Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци” финансиран од Европската Унија.

