15.03.2014 Скопје
Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во работна посета на Комората на РМ за приватно обезбедување.
Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на 15.03.2014 год ја посети Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и оствари средба со Претседателот Верица Милеска Стефановска.
На средбата, на која покрај Министерот Јанкулоска присуствуваа и Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот на Централни полициски сили и Претседател на Комисијата за контрола и надзор над спроведување на Законот за приватно обезбедување Горанче Савовски и Помошник Министерот Иво Котевски се разговараше за тековното работење на Комората на РМ за приватно обезбедување, особено во правец на заштита и унапредување на стручноста, професионалноста, деловноста и заштита на професијата, понатамошни активности и насоки за постапување и координација на агенциите за обезбедување со органите на Министерството за внатрешни работи при евентуални ангажмани на агенциите за обезбедување од страна на политичките субјекти кои ќе учествуваат на претстојните избори, со укажување на изборните закони.
Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во работна посета на Комората на РМ за приватно обезбедување

