21.03.2014 Конгресен центар – Скопски Саем

Кривична одговорност на работниците за приватно обезбедување-Работна средба со Јавно обвинителство и Комисија за контрола и надзор над примена на ЗПО.

Комората на Република Македонија за приватно обезбедување на 21.03.2014 год, организираше семинар на темата – Кривична одговорност на работниците за приватно обезбедување која произлегува од примена на јавните овластувања согласно Законот за приватно обезбедување, со посебен осврт и практични објаснувања на позначајните одредби на новиот Закон за кривична постапка.

На семинарот свое обраќање имаа:  Скопската обвинителка Гордана Гешковска од аспект на појаснувања на новините во Законот за кривична постапка и началникот на Централни полициски сили при Министерството за внатрешни работи и Претседател на Комисијата за контрола и надзор над спроведување на Законот за приватно обезбедување Горанче Савовски, а заради истакнување на спорни ситуации и насоки за нивно решавање, како и генерална координираност на  практичните знаења и вештини на сите инволвирани субјекти т.е. вршителите на дејноста, припадниците на МВР-полицијата и јавните обвинители.

31.03.2014 OJO I MVR

Кривична одговорност на работниците за приватно обезбедување-Работна средба со Јавно обвинителство и Комисија за контрола и надзор над примена на ЗПО