04-05.06.2018, Охрид -Меѓународна конференција “Реформи на безбедносниот систем како предуслов за Евро-атлански интеграции”

Комората на РМ за приватно обезбедување беше главен коорганизатор на меѓународната конференција “Реформи на безбедносниот систем како предуслов за Евро-атлански интеграции”, која се одржа во периодот 04-05.06.2018 год, која се одржа во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност, Скопје.

Претседателот на Комората м-р Верица Милеска Стефановска имаше свое учество на свеченото отварање на Меѓународната конференција како и посебно излагање на панелот “Местото и улогата на приватното обезбедување во системот за управување со кризи”.