24 – 28.06.2019 Сараево, Босна и Херцеговина Летна школа “Превенција на ризик во урбани средини”, Факултет за криминалистика, криминологија и безбедносни студии
Комората на РСМ за приватно обезбедување како и членки на Комората земаа учество на меѓународната летна школа “Превенција на ризик во урбани средини”, во организација на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии, Сараево, Босна и Херцеговина.
Школата понуди можност на теоретски, практични предавања и вежби на експертите од Македонија и Босна и Херцеговина за предизвиците кои ги носат „новите урбани средини“ за безбедноста на граѓаните со постојаниот прираст на населението во големите градови, проблемите со урбанистичките планови, ширење на градската инфраструктура, напливот на мигранти од кризни подрачја, растечкиот криминал, воведување на нови енергенси и воедно летната школа овозможи стекнувае на знаења како да се надминат проблемите со кои се соочуваат градските служби, безбедносниот сектор и институциите.
Во прилог агенда и содржина


