01.07.2019-Скопје, Промоција на меѓународно научно списание ”Безбедност”

Претседателот на Комората на РСМ за приватно обезбедување присуствуваше на промоцијата на првиот број од обновеното научно списание на МВР “Безбедност”, која се одржа во Домот на Армијата во Скопје.

Се очекува списанието да биде корисна алатка која ќе ги презентира не само национални, но и светски искуства во разните области од безбедноста, исто така ќе претставува и медиум преку кој ќе се промовираат новите научни, стручни, професионални идеи и достигнувања кои ќе бидат отворени како за домашната и меѓународната академска јавност така и за широката читателска публика.