04-06.09.2019 – Меѓународна конференција „Урбана безбедност – зајакнување на безбедноста во урбанизираниот свет“, Охрид
Меѓународна конференција „Урбана безбедност – зајакнување на безбедноста во урбанизираниот свет“ e во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет од Скопје, во партнерство со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и со Факултетот за безбедност од Белград. Комората на РСМ за привтно обезбедување се јавува како покровител на меѓународната конференција.
На свеченото отварање свое обраќање имаше претседалката на Комората на РСМ за приватно обезбедување М-р Верица Милеска Стефановска кога беше апострофирана важноста на урбаната безбедност во модерниот глобализиран свет.

