03.10.2019 – СВР ОХРИД
Во континуитет на отпочнатите активности, кои произлегуваат од меморандумот за соработка помеѓу Комората и МВР, на 03.10.2019 год. во просториите на СВР Охрид организирана е работна средба на вршителите на приватно обезбедување на територијата на СВР Охрид и преставниците од надлежниот сектор, а во функција на споделување и размена на искуства од пракса, информации за безбедносните состојби, предизвиците и формите на натамошна соработка меѓу приватното обезбедување и полицијата.



