Управен одбор
– Управниот одбор е извршен орган на Комората.
– Претседателот на Управниот одбор е и Претседател на Комората.
– Управниот одбор е заедно со претседателот на Управниот Одбор брои 7 членови.
– Седниците на Управниот Одбор ги свикува Претседателот на Управниот Одбор.
– Седницата на Управниот Одбор може да биде свикана и на барање на една третина од членовите од вкупниот број на Управниот Одбор.
– Управниот Одбор полноважно може да одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од половина членови на Управниот Одбор.
– Управниот одбор своите одлуки по правило ги донесува со мнозинство на гласови на присутните членови на седницата на Управниот Одбор, освен за оние за кои е потребно посебно мнозинство.
– Начинот на свикување на седниците на Управниот Одбор се регулира со деловник за работа на Управниот Одбор.
– На Претседателот на Управниот Одбор и членовите на Управниот одбор им следува надомест за работата.
– Висината на надоместокот се утврдува со посебна одлука на Управниот Одбор на Комората.
– Членовите на Управниот Одбор ги избира Собранието, со мандат од 4 ( четири ) години, на тајно гласање.
– За член на Управен Одбор може да се избере само лице со легитимација за вршење на работи на приватно обезбедување. Вработено во правно лице кое е здружено во Комората.
Управниот одбор ги има следниве права и обврски:
– ги подготвува седниците на Собранието на Комората,
– ги извршува одлуките на Собранието на Комората,
– го утврдува Нацрт на Статутот и други акти на Комората,
– одлучува по жалбите против одлуките на дисциплинскиот совет донесени во дисциплинска постапка,
– ја утврдува годишната пресметка,
– ја контролира уплатата на чланарината и презема соодветни мерки против оние правни лица што не ја подмириле во определениот рок,
– редовно подготвува и доставува предлози и мислење до Министерот за вантрешни работи,
– се грижи за обезбедување на законитоста и правната примена на прописите, презема мерки за заштита на Комората, донесува програма за работа за тековната година во согласност со програмата на Собранието на Комората, Управниот одбор одлучува и за други прашања кои се со закон и со овој статут ставени во негова надлежност како и за оние прашања кое се од интерес на Комората, а не се определува надлежност на било кој друг орган.
Управниот одбор ако управува и работи спротивно на законските прописи, Статутот и други акти на Комората или причини штета на Комората или нејзин член како и доколку работи не ефикасно Собранието, по предлог на
Надзорниот Одбор може да го разреши целиот Управен Одбор или негов член и пред истекот на мандатот и тоа :
- 1. Ако управува и работи спротивно на законските прописи, Статутот и другите акти на Комората.
- 2. Ако причини штета на Комората или нејзин член.
- 3. Ако не ги врши своите должности или не ги врши одговорно, или ги врши неблаговремено.
- 4. Ако Управниот одбор не подготви и не поднесе извештај до Собранието на Комората.
- 5. Ако член на Управниот одбор отсуствува два пати неоправдано од седницата на Управниот одбор.
- 6. Ако член на Управниот Одбор му е изречена дисциплинска мерка
- 7. Ако член на Управниот Одбор со правосилна одлука е осуден за сторено кривично дело, со ефективна казна затвор во времетраење од најмалку 6 ( шест) месеци.
- 8. Ако член на Управен Одбор повеќе нема легитимација.
Доколку бидат разрешени најмалку 4 ( четири ) члена на Управниот Одбор поради причини наведени во став 1, точка 1-8 од овој член, Управниот Одбор се распушта и се спроведува постапка за избор на нови членови на Управен Одбор.
• Верица Милеска Стефановска – Претседател