03.03.2016 – Конференција Приватна заштита 2016 „Поглед напред-нови безбедносни предизвици“

Програма – Конференција приватна заштита 2016

03.03.2016-Zagreb-HCZ konferencija

Претседателот на Комората на РМ за приватно обезбедување и претставници од тимот за изработка на Стратегија за развој на приватното обезбедување во Македонија присуствуваа на  конференција насловена: Приватна заштита 2016 „Поглед напред-нови безбедносни предизвици“ , која се одржа во Загреб 03.03.2016 . Конференцијата ја организираше HCZ (Hrvatski Ceh Zaštitara) под покровителство на CoESS и Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска и имаше за цел унапредување и размена на знаења и пракса и делување на приватното обезбедување на ниво на Европа.

Во рамки на работната посета на настанот, претставниците на Комората на РМ за приватно обезбедување дополнително реализираа 2 поединечни средби со претставници од HCZ (Hrvatski Ceh Zaštitara) и ZRSZV (Zbornica Republike Slovenije za zasebno varovanje) заради обезбедување на размена на искуства и мислења во врска со изработка на Стратегија за развој на приватното обезбедување во Македонија.