07.11.2016- усвоена „Стратегија за развој на приватното обезбедување во Македонија“
На ден 07.11.2016 година вршителите на дејноста приватно обезбедување во Македонија на работна средба организирана од Комората на РМ за приватно обезбедување, ја усвоија „Стратегија за развој на приватното обезбедување во Македонија 2016-2020“ со Акциски план. Содржински, Стратегијата зазема позиции карактеристични за документ на професијата или струкова стратегија со која за прв пат во Македонија се дефинира визијата и мисијата на дејноста приватно обезбедување.
ВИЗИЈА
Високо професионално и стручно вршење на дејноста приватно обезбедување. Современо, одговорно и ефикасно функционирање, со цел зголемување на степен на индивидуална безбедност и придонес во безбедноста на граѓаните и нивниот имот.
Комерцијално работење со реален баланс помеѓу квалитетна понуда за корисниците на услуги и финансиската добивка за вршителите на дејност приватно обезбедување.
МИСИЈА
Надградба на воспоставената правно-институционална рамка за функционирање со цел изградба на оптимален модел на приватното обезбедување, како интегрален дел од безбедносниот систем на Република Македонија.
Зајакнување на превентивниот карактер на функциите на приватната безбедност. Моделирање и приспособување на приватното обезбедување кон актуелните ризици и извори на загрозување преку континуирано вложување во сопствените капацитети и унапредување во работењето.
Отвореност за комуникација и активно учество во заедницата, со цел да се придонесе за внатрешната безбедност и да се воспостават повисоки стандарди на работење и живеење.
Проширување на кругот на корисници на услугите на приватното обезбедување, преку градење партнерски односи на соработка, доверба и почитување .
Стратегијата за развој на приватното обезбедување во однос на нејзините основни цели, стратешки цели, стратегиски насоки, мерки и задачи ги почитува и практикува следните водечки принципи: одговорност, ефективност, одржливост, транспарентност и недискриминација.
Овој стратегиски докумен дефинира три општи цели.
- Хармонизација со современите трендови во регулативата и практиката во оваа сфера.
- Поврзување на субјектите помеѓу јавниот, државниот и граѓански сектор (ЈПП).
- Воспоставување на систем на гаранција на квалитет на услугата кон корисниците на услугите и општата јавност.
Стратегиски цели
1. Професионализација
1.1.Надградување на нормативната рамка како предуслов за натамошна професионализација;
1.2.Квалитет на услугата и работењето;
1.3. Континуирана обука;
2. Обезбедување квалитетна работна сила
2.1.Насочување на постоечката работна сила на пазарот на труд во секторот приватно обезбедување,
2.2.Привлекување на интерес за вршење на дејноста приватно обезбедување,
2.3.Образовни-студиски програми;
3. Јавно-приватно партнерство
3.1.Унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување;
3.1.Размена на позитивни практики;
4. Обезбедување на критична инфраструктура
4.1.Предуслови за нормативно уредување;
4.2.Специјализирана обука за обезбедување на критична инфраструктура;
5.Градење доверба со заедницата
5.1.Транспарентност;
5.2.Односи со јавност;
5.3.Градење доверба;
5.4.Општествена одговорност;
Стратегија, целосен документ, усвоен на Управен Одбор
AКЦИСКИ ПЛАН за Стратегија 2016-2020


