11.07.2019 – ОБСЕ, работилница за превенција, Берово
Во организација на ОБСЕ беше одржана работилница за превенција, на која покрај претставниците на ОБСЕ беа присутни и претставници од сите СВР во Македонија.
Во рамки на настанот, во панел 2 насловен „Нацрт Стратегијата на МВР за вклучување и комуникација со заедницата“ Генералниот секретар на Комората м-р Сања Керметчиева имаше свое обраќање на темата „ Улогата на приватниот сектор во превенцијата на криминалот и Соработка со Министерството за внатрешни работи “, со излагање на позитивните страни, значењето и потребата за јавно-приватно партнерство во безбедносниот сектор во државата со што би се обезбедиле услови за побезбедна средина во нашето општество.

