16.06.2014 Микеи – Скопје

Работна средба со МВР и МТСП.

На 16.06.2014 год. со почеток во 14.00 ч. во просториите на Микеи, Камник, во Скопје,  Комората на РМ за приватно обезбедување организираше работна средба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика со следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Презентирање на Прирачник за полициски службеници за улогата и обрските на полицијата при вршење на контрола и надзор над правните лица кои вршат дејност приватно обезбедување согласно Законот за приватно обезбедување;
  2. Претставување на активности на Министерството за труд и социјална политика, особено на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014, со упатување на можностите за користење бенефиции и други привилегии за правните лица кои вршат приватно обезбедување.

Работна средба со МВР и МТСП