24-25.02.2014 Скопје
Семинар-Секјурити менаџмент
Комората на РМ за приватно обезбедување организираше семинар на темата Секјурити менаџмент, кој се одржа на 24 и 25 февруари 2014 год, во просториите на Камник, во Скопје. На семинарот присуствуваа претставници од правните лица кои вршат обезбедување во вид на давање на услуги (агенции за обезбедување), здружени во Комората: Роте, Бригада, Карпатија, МЗТ Зеднички, Уна, Секјурити МК Агенси, Еуро Секјурити, Праеториан, Гард, Вардар Да, МДН, Кондор БС, Перпетуумобиле, Оса, Пантер Примус, 2 СС, Питон, Алајанс, Мечка и претставници од правни лица кои имаат сопствено обезбедување, здружени во Комората: Макпетрол, Долина на никелот, МЖ Транспорт, ЈСП, ЕВН и Мепсо.
Во текот на првиот ден од семинарот 24.02.2014 год. беа обработени темите: Вовед во безбедносен менаџмент, презентирано од проф.д-р Душко Стојановски, Универзитет Американ Колеџ Скопје; Безбедносен менаџмент –цели и принципи, презентирано од Вон.проф. д-р Марина Mалиш Саздовска, Факултет за безбедност, Скопје; Менаџирање со промени; лидерство и тимско работење презентирано од доц. д-р Леонид Наков, Катедра за менаџмент, Економски факултет, Скопје, Координирачки и одлучувачки улоги и способности на менаџерот во безбедносниот сектор презентирано од проф. д-р Оливер Бакрески, Институт за безбедност, одбрана и мир, Филозовски факултет, Скопје и Менаџер за безбедност презентирано од Бранко Слак, Претседател на словенечката комора за приватно обезбедување.
Вториот ден од семинарот 25.02.2014 год. беа обработени темите: Комуникација важна во безбедносниот сектор, презентирано од проф. д-р Дијана Белеска, клинички психолог, Декан на факултет за психологија, Меѓународен Славјански Универзитет; Менаџмент на емоции, презентирано од м-р Стојан Бајрактаров, Универзитетска клиника за психијатрија, Скопје; Стратегии за одржување на работна мотивација и нејзино подигање на ниво на внатрешна мотивација, презентирано од проф. д-р Верица Трајкова Стаменкова, Меѓународен Славјански Универзитет; Ефикасно управување со време – матрица „Итно-важно“ , презентирано од проф. д-р Александра Стиолковска, Декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје; Деловна етика на менаџерот за безбедност, презентирано од М-р Ана Битољану, Факултет за менаџмент на човечки ресурси, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје.
Семинар-Секјурити менаџмент
