28.03.2016-Работна средба со претставници од медимите на тема „Стратегија за развој на приватното обезбедување во Република Македонија“
Претседателот на Комората на РМ за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска и тим-лидерот за изработка на „Стратегија за развој на приватното обезбедување во Република Македонија“ Доц.д-р Марјан Ѓуровски пред претставниците на медиумите ја претставија драфт-Стратегијата за развој на приватното обезбедување во Република Македонија, појаснувајки ги потребите за изготвување на ваков стратешки документ, досегашните активности во однос на компаративните искуства, релевантни државни органи и др, со посебен осврт на стратешките цели и конкретните цели лоцирани во досегашното работење. Работната средба имаше за цел размена на мислења и ставови заради обезбедување на квалитативен придонес од претставниците на медиумите, особено во однос на транспарентност во работењето на секторот приватно обезбедување и односи со јавност.
Линкови:
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=93714
