16.06.2014 Микеи – Скопје
Работна средба со МВР и МТСП.
На 16.06.2014 год. со почеток во 14.00 ч. во просториите на Микеи, Камник, во Скопје, Комората на РМ за приватно обезбедување организираше работна средба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Презентирање на Прирачник за полициски службеници за улогата и обрските на полицијата при вршење на контрола и надзор над правните лица кои вршат дејност приватно обезбедување согласно Законот за приватно обезбедување;
- Претставување на активности на Министерството за труд и социјална политика, особено на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014, со упатување на можностите за користење бенефиции и други привилегии за правните лица кои вршат приватно обезбедување.
Работна средба со МВР и МТСП
