23.06.2019 год, -Охрид . Тркалезна маса„Безбедноста на домот преку превенција на новите закани и безбедносни ризици“
Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување заедно со Министерството за внатрешни работи и општината Охрид во рамки на проектот „Безбедно дома„ организираат стручна дебата на тема „Безбедноста на домот-преку превенција на новите закани и безбедносни ризици”.
На стручната дебата говорea претседателката на Комората на Република Северна Македонија м-р Верица Милеска Стефановска, Живка Ангеловска Претседател на советот на општина Охрид, Сашо Смилески Началник на СВР Охрид, професорите д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, д-р Александра Деаноска Трендафиловска од Правниот факултет-Скопје и проф. д-р Пере Аслимоски – Факултет за туризам и угостителство, како и претставник на Сектор за превенција при СВР Охрид, претставници од локалните самоуправи и телата за домување, станбен и деловен простор и секторот за превенција на Министерството за внатрешни работи и други институции од безбедносниот систем на државата.



