13.06.2019, Скопје ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПРОЕКТ „БЕЗБЕДНО ДОМА“
Во името на Комората на РСМ за приватно обезбедување и во лично име дозволете ми да Ве поздравам и да Ви посакам топло добредојде на денешниот настан во организација на посветен на и .
Воедно сакам да упатам огромна благодараност до сите што ја прифативте нашата иницијатива денес тука заедно да
Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување во рамките на проектот „Безбедно дома“ и кампањата ,,Безбедност на домот“ ја користи можноста да отвори поширока дебата и дискусија за еден корпус на прашања кои се во интерес на граѓаните и на нашето општество во целост, а кои се однесуваат на заштита на лица, објекти и имотот, a во кој несомнено, приватниот безбедносен сектор има исклучително важна улога. Истовремено овие прашања се сензибилизирани и во интерес и на јавната безбедност, бидејќи предизвиците од областа на безбедноста се препознаваат во секој сегмент од општеството и ги засегаат сите субјекти подеднакво.
Во изминатиот период фокусот на Комората и на дејноста не беше насочен само кон регулативата, стручното усовршување на кадрите, воспоставување на комуникација со надлежните институции и т.н. Напротив,работењето на секторот има и една друга, општа димензија во своето функционирање, насочена кон пошироката јавност, со свој социјален карактер, а која е пресликана и во стратегијата за развој на приватното обезбедување.
Имено, подигнување на свеста за безбедноста како и приближувањето до граѓаните и популаризацијата на дејноста претставуваат императиви во дејствувањето како на Комората, така и на компаниите кои се занимаваат со дејност приватно обезбедување.
Оттука, како потребен и логичен тек на нашиот развој се наметна идејата за организирање на оваа кампања како дел од проектот „БЕЗБЕДНО ДОМА“ кој ќе биде насочен кон реализација на предходно споменатите цели. Овој проект подразбира организација на редица активности во функција на приближување до граѓаните на идејата за обезбедување на квалитетна, професионална и лична безбедност, безбедност на домот и семејството, безбедноста на имотот или работните процеси на нивните компании, а се во насока на превентивно дејствување заради мирно и спокојно живеење.
Иницијативата ја препознаа и поддржаа Министерството за внатрешни работи и Градот Скопје, за што како приватен безбедносен секотор им упатуваме громна благодарност.















